Над стотина луѓе загинаа откако се случи несреќа во еден од објектите за нуклеарно тестирање во Северна Кореја, пренесува express.co.uk.
Околу 100 луѓе загинаа кога се сруши тунел во севернокорејскиот објект Пангири. Уште 100 луѓе загинаа додека се обидуваа да ги спасат затрупаните работници.
Јапонската телевизија Асахи ја откри катастрофата, но не можеше да дознае за каква несреќа точно станува збор.
Пангири е местото каде на 3. септември се одвиваше нуклеарна проба. Не е познато дали ова е причината за колапс на тунелот.