Исто како и многу други млади уметници, и фотографката Brooke DiDonato ги користи социјалните мрежи како платформа за споделување на своите трудови.
На Instagram ја следат речиси 60.000 корисници, кои редовно се воодушевуваат од она што таа им претставува за нив. Brooke DiDonato како своја база го наведува Њујорк, поточно Бруклин, чии улици се инспирација за нејзините фотографии.
Проектот на кој посебно таа е посветена се секојдневните призори, но со одреден исчекор. Како што вели самата таа, местата што ги фотографира изгледаат навистина така во стварноста, но им додава модели или предмети што истите фотографии стануваат мистериозни.
Ако ги погледнете нејзините фотографии, ќе забележите дека секогаш изгледаат како нешто да им недостасува, и тоа е она што Brooke DiDonato сакала да го постигне. Таа истакнува дека е заинтересирана за испреплетување на актуелни и фиктивни елементи, и тоа преку медиуми што обично се сметаат за оние кои само ја пренесуваат реалноста.
Поврзани артикли