Ви нудиме неколку интересни frameless модели на смартфони кои се имитации на осмата „галаксија“ на Samsung.
Главните играчи на светскиот пазар на смартфони ви се познати. Она што тие секоја година го носат како иновација и новитет и натаму е предизвик за малите производители да го копираат и употребат како мамка за купувачите кои не се доволно моќни да го имаат оригиналот на Samsung, iPhone или Huawei. Ви нудиме неколку интересни frameless модели на смартфони кои се имитации на осмата „галаксија“ на Samsung. Секако, далеку се од оригиналот, но како за интересна копија се прилично ценовно пристапни.
Oukitel C8 е креиран на база на Samsung S8 и тоа може да се види веднаш: 5.5-инчен екран со сооднос 18:9, тесни граничници на врвот и на дното, заоблени рабови, скенер на задната страна. Во споредба со Samsung Galaxy S8 овој смартфон има RAM меморија од 2 GB до 4 GB, но ист капацитет на батеријата. Овој паметен телефон има главната камера од 8 мегапиксели, и може да понуди широка палета на бои. Oukitel C8 е достапен во црна, виолетова, розова, сина и златна боја. Работи со Андроид 7.0 Нугат.
Дизајнот на Galaxy S8 во Ulefone S8 и неговиот постар брат S8 Pro е исто така многу сличен. Смартфоните со метална рамка околу периметарот беа мамка за оние кои сакаат поефтин модел, сличен на оригиналот. Ulefone S8 имаекран од 5,3-инчи, на задната страна има скенер на отпечатоци од прст, а над него има двојна камера. Фотомодулот S8 Pro вклучува сензори за 13 и 5 Mp, а за Pro верзија – за 13 и 2 Mp. Со овие гаџети можете да експериментирате и да фотографирате со матна позадина. RAM меморијата е мала: помладата верзија нуди 1 GB, а S8 Pro – 2 GB. Сепак, ова е сосема доволно за секојдневните потреби. Уредите имаат два слота за SIM и работат со Android 7.0 Нугат.
Сличен на Galaxy S8 е и Doogee Y6 . Во споредба со оригиналот, дијагоналата на екранот кај Doogee Y6 е помала, но капацитетот на батеријата е малку поголема – 3.200 mAh. Главната камера со сензор има 13 мегапиксели со напредна технологија за брзо автоматско фокусирање. Тоа овозможува во режим за освежување да врши рефокусирање за помалку од една секунда. Предниот дел, како и S8, е опремен со 8-мегапикселен модул со блиц, автофокус и агол на гледање од 88 степени.