Најпознатата светска криптовалута наскоро ќе добие ново издание. Во оптек ќе биде пуштена уште една алтернативна верзија на птороколот на кој се базриа биткоин, поради што ќе настане нова варијанта на валутата – златен биткоин (bitcoin gold, BTG).
Проектот, чија цел е подобрување на технологијата на биткоин со промена на начинот на водење на натпреварите за награда, е вториот од август наваму кој ја користи се позачестената постапка твдо раздвојување или hard fork. Тогаш кога биткоин се подели на две валути, биткоин и биткоин кеш, протоколто за приптовалутата привлече толкаво внимание што достигна вредност од милијарди долари. Бројни аналитичари очекуваат тоа сега да се повтори.
Накратко речено, златниот биткоин има две цели. Најпрвин, да го промени начинот на кој функционира „рударењето“ така што од употреба ќе ги исфрли најмоќните начини за „рударење“. Втората цел е о тек на време да привлече повеќе луѓе во новиот систем и да ја ослободи мрежата на биткоин од големите компании и нивното несразмерно влијание врз мрежата.
Наместо проширување на биткоин за да го користат повеќе корисници, златниот биткоин ја менува криптовалутата така што повеќе ја децентралзиира за да овозможи порамнооправен пристап до дигиталното плаќање во целиот свет.
Сите сопственици на биткоин можат да ја добијат новата валута по курсот еден биткоин за еден златен биткоин, а тоа ќе отвори можности за нови пазарни активности. Досега 20 дигитални паричници и менувачници најавија дека ќе го прифатат златниот биткоин кога ќе се појави.
Извор: Тportal.hr
Поврзани артикли