Компанијата Snøhetta штотуку ги објави плановите за првиот подвоен ресторан во Европа, кој ќе даде сосема ново значење на изразот ресторан со убав поглед
Ресторанот ќе се гради во близина на брегот на Норвешка, а ќе го носи името „Under”. Ресторанот ќе биде под вода и ќе има спектакуларен поглед на морскиот брег, а истовремено ќе служи и како истражувачки центар за морскиот свет.
Under на норвешки значи чудо. Ќе биде направен од бетон и однадвор ќе изгледа како масивен бетонски ѕид делумно да потонал во вода. Ќе биде лоциран во близина на селото Бали на најсеверниот дел на Норвешка. Најдлабокиот дел на ресторанот ќе биде 5 метри под вода, каде што ќе се користи и како вештачки гребен за морските животни. Ѕидовите ќе бидат дебели 1 метар з да ја заштитат вантрешноста од притисокот на брановите, додека панорамски акрилен пророзец ќе нуди поглед на морската фауна.
Посетителите на Under ќе можат да уживаат во локална храна приготвена од данскиот готвач Николај Елицгаард Петрсен. На влезот во ресторанот по ѕидовите ќе се наоѓаат едукативни содржини. Внатрешноста ќе биде декорирана со локални материјали. Ресторанот ќе може да прими од 80 до 100 гости.
Поврзани артикли