Facebook со својот нов експеримент ќе ги премести објавите кои досега беа постирани на вашите ѕидови, нешто кое што кај повеќе портали резултираше со пад на посетеноста и до 60%, и тоа преку ноќ.
Новиот систем би можел да ги уништи малите издавачи, ако истиот се спроведе во целост, откако новинарите пријавиле пад на досегот на стигнување на постовите до нивната публика.
Facebook во моментов ја тестира големата промена со која ќе ги премести неплатените (непромовирани) постови и објави од „news feed“ (јавните објави кои се појавуваат на вашот ѕид и чие ширење зависи од алгоритамот на Facebook), што претставува потег кој би можел да биде катастрофален за издавачите кои се ослоноуваат на публиката на социјалните мрежи, пишува британски Гардијан.
Новиот систем, кој моментално се испробува во шест земји, вклучувајќи ја Словачка, Хрватска, Србија и Шри Ланка, речиси сите неплатени постови и објави ги тргна во „објавите на други нивоа“ оставајќи го „news feed“ фокусиран исклучиво на оригнални содржини на вашите пријатели и платени текстови.
Промената предизвика кај некои корисници на Facebook страницата вртоглав пад на досегашните објави, од 60% до 80%. Ако овој експеримент се прошири и на останатите држави, таквата промена ќе уништи многу помали издавачи, како и оние поголемите кои претерано се ослонуваат на социјалните мрежи како препорака за посетителите.
Поврзани артикли