Научниците на НАСА успешно тестирале X3 јонски потиснувачи за вселенски летала, кои би можеле да ги одведат луѓето до Марс за само 40 дена.
Новата технологија која НАСА ја претставила во филмот “Марсовец” со Мет Дејмон овозможила брзо патување до “Црвената планета”.
Овие потиснувачи, кои ги дизајнирале вработените во НАСА, истражувачите од Универзитетот во Мичиген и Американското воздухопловство, го придвижуваат леталото така што го забрзуваат млазот на јони. Во текот на последната демонстрација на погонот во Истражувачкиот Центар Глен во Охајо, X3 потиснувачите поставиле рекорд во најголема излезна сила, потиснувачка сила и работна енергија.
“Докажавме дека X3 може да работи со 100 киловати енергија. Работеа на голем распон од 5 до 102 киловати, со електрична струја со јачина од 260 ампери. Генерирал потисок од 5,4 Њутни, што е досега најмоќен досега измерен потисок”, рекол Алек Галимор, лидер на проектот, додавајќи дека досегашниот рекорд бил 3,3 Њутни.
“Максималната брзината на класичната ракета е околу пет километри во секунда, а X3 потисникот може да доведе до брзина од 40 километри по секунда. Покрај тоа, се троши многу помалку гориво”, вели Галимор.
Според пресметките на НАСА, поради тоа што потиснувачите не можат долго да одржат брзина од околу 40 километри во секунда, на леталото би му биле потребни околу 40 дена да дојде до Марс. Технологијата која моментално е во употреба овозможува до Марс да се пристигне за 260 дена.
Членот на научниот тим, Скот Хал, кој работи на проектот “X3” веќе пет години, вели дека таа работа е тешка поради големината на потиснувачите.
“Тешки се дури 227 килограми, и имаат дијаметри од еден метар. Обичните потисници можат да ги кренат две лица, а за ова ни е потребен кран”, вели тој.
Извор: Kurir.rs