Цела Естонија денес е покриена со безжичен интернет, децата од седум години учат информатика, а на граѓаните на располагање им се илјадници електронски услуги меѓу кои се издвојуваат интернет банкарство и здравство, изјави поранешната министерка за надворешни работи на балтичката земја Марина Каљуранд.
– Тоа се услуги кои им се потребни на луѓето. Тоа ги ослободува од корупција и чекање во редови. Само три работи морате да направите надвор од домот – да се венчате, да купите имот и да се породите. Се друго можете да направите онлајн од својот стан, изјави таа за Танјуг.
Естонија или „Е-стонија“, како што на неодамна одржаниот Белградски безбедносен форум ја претставии својата земја, во целост воведе електронски сервис како за граѓаните, така и за управата.
– Први воведовме дигитален потпис, во земја која има 1,3 милиони жители има 400 милиони потписи. Тоа се големи заштеди, наведе таа.
На годишно ниво тоа е заштеда од два отсто од бруто домашниот производ, колку што земјата издвојува за НАТО, што значи одбраната на Естонците им е бесплатна.
Естонија, исто така, денес е единствена земја во светот која има онлајн гласање, така што на последните избори една третина од Естонците гласале преку интернерт.
– За добро функционирање на електронската управа клучна е довербата меѓу граѓаните и државата. За тоа е потребно време. Луѓето не сакаат да го следат тоа што им се наметнува одозгора, туку сакаат да им се обезбеди она од што ќе имаат корист, наведува таа.
Затоа е истакнува воведената е-управа, без хартија, која нуди големи бенефити за граѓаните, штедејќи им врееме и пари.
Земјата, објаснува таа, во 90-те години на минатиот век сфати дека сака да воспостави нова форма на управа која е транспарентна, отворена кон граѓаните и на тоа многу сериозно работеше политичкото раководство.
Како што истакна таа, направена е правна рамка за функционирање и финансирање на е-управата, пронајдени се технички решенија, унапредено е образованието, подобрена е кибер безбедноста.
Информатиката е воведена од прво одделение, напоменува таа и додава дека треба да се надминат стереотипите дека информатичките технологии се само за младите лица.
– Клучно беше што луѓето сакаа да живеат во демократска земја со која се управува на отворен и транспарентен начин, наведе таа.
Меѓу илјадниците услуги кои заедно ја обезбедуваат државата, локалната самоуправа и приватниот сектор се издвојуваат интернет банкарството, плаќањето сметки и даноци, како и онлајн здравството.
На прашањето за препораките за Србија, таа вели дека е важно да постои јасна поделба на работата во државата и сенационален пристап кои ќе ги вклучат како политичари, академската заедница како и приватниот и цивилниот сектор.
– Не сакам да кажам дека естонскиот модел е најдобар, тој е добар за нас, но можеби има нешто што Србија би можеча да искористи од нас или другите, заклучи Каљуранд.
Извор: Tanjug