Ричард Бренсон, основачот на „Вирџин Груп“, во која е вклучена компанијата „Вирџин Галактик“, најавил дека очекува компанијата да ги испрати првите астронаути во вселената за околу 4 месеци. Оваа негова изјава доаѓа веднаш по оптимистичното тврдење на претседателот на „Вирџин Галактик“, кој минатата недела истакна дека компанијата ќе оствари проект за вселената до крајот на годината.
Вселенското летало на компанијата „ВСС Јунити“, треба успешно да помине низ серија тестирачки летови, пред да се упати во вселената. Сепак, многу веројатно е и суб-орбиталните летала на комерцијалниот туризам и истражувачките летови да бидат во предност пред леталото на компанијата да ја напушти атмосферата. Дури и тогаш, заради тежината на „ВСС Јунити“, летовите нема да бидат над интернационално признаената вселенска граница – линијата „Караман“ (над 100 километри). Па така, летовите ќе се движат над границата на Американската авионска сила од 80 километри.
Бренсон истакнал дека на вселената и се потребни повеќе компании кои ќе истражуваат различни работи за да се има придобивка за Земјата. Тој смета дека човештвото може многу да научи преку патувањето и истражувањето на вселената. Исто така, потенцира дека неговите напори и оние на Џеф Безос со „Блу Ориџин“ можат повеќе да го направат тоа отколку „Спејс Екс“ на Елон Маск. „Мисијата на Елон е да пристигне на Марс, а јас и Безос повеќе сакаме да ја искористиме вселената за придобивка на Земјата“.
Сепак тоа не значи дека и стапнувањето на Марс нема да донесе придобивки за Земјата. Патувањето во другите делови од соларниот систем ќе имаат големо влијание на планетава со цел доаѓање до неверојатни откритија кои се невозможни за нашата Земја.