На еден чекор сме до доаѓањето на 5G, велат стручњаците од фирмата одговорна за повеќето процесори за Android. Оптимизмот доаѓа по првиот успешен тест на модемот Х50 наменет за мобилни уреди.
Qualcomm во Хонг Конг демонстрираше нова 5G технологија, а кинескиот производител апсолутно е уверен дека првите мобилни со поддршка за брз безжичен пренос на податоци ќе ги видиме во првата половина на 2019 година. Компанијата исто така го претстави и новиот чип Snapdragon 636.
Брзо, побрзо 5G
За 5G се говори веќе подолго време, но се чини дека технологијата е изводлива. Компанијата за време на успешниот тест на новиот модем Х50 достигна брзина поголема од еден гигабит или поточно 1,24 Gbps (156,25 MB/s). Самиот модем поддржува до 5 Gbps (625 MB/s).
Ова значи дека сè поблиску сме до 5G и дека овој тест ќе ги подбутне новите технологии напред. Qualcomm оди толку далеку што 5G го споредува со електричната енергија и го нарекува прв чекор кон бесконечните податоци.
Пат кон иднината
5G ќе има предност во достапноста и досегот во однос на сите досегашни стандарди. Со негова помош, смартфоните ќе можат да прават работи за кои сега можеме да сонуваме и ќе има беспрекорен проток на податоци, па дури и на места со многу луѓе и брзини кои навистина започнуваат патување кон „бесконечни податоци”.
Извор: Tportal.hr
Поврзани артикли