Бројот на летечки инсекти се намалил за 76 отсто во последните 25 години, соопштено е во истражувањето кое предупредува дека се приближуваме кон „еколошки Армагедон“ бидејќи инсектите имаат суштинска улога за животот на Земјата како опрашувачи на растенија и плен за поголемите животни.

Иако и од порано се знаеше дека одредени видови, како пчели и пеперутки има се помалку, научниците беа изненадени од падот на бројките на сите летечки инсекти ширум светот. Уште не е утврдена причината за вакво нешто, но се смета дека меѓу главните виновници е уништувањето на природата за да се направат земјоделски земјишта, односно користењето на пестициди. Исто така, како фактор кој игра клучна улога наведени се и климатските промени.

„Инсектите сочинуваат две третини од животот на Земјата, но забележан е значителен пад. Се чини дека од земјата правиме простор кој е негостопримлив за другите облици на живи суштества и моментално сме на добар пат за еколошки Армагедон. Доколку инсектите исчезнат, се ќе биде уништено“, вели професорот по природни науки Дејк Гоулсон.

Известување од Обединетите Нации уште од март предупреди дека пестицидите кои хемиските индустрии агресивно ги промовираат имаат катастрофално влијание на околината, човечкото здравје и друштвото како целина.

Истражувањето за падот на бројот на инсектите е објавено во магазинот Plos one.