Научниците денес работат на создавање компјутерски интерфејси кои ќе ни помогнат светот околу себе да го гледаме со нови очи. Се работи за таканаречени BCI (Brain-Computer Interface), технологија која на човечкиот мозок му овозможува управување со компјутерите. На ова поле научниците низ светот работат повеќе од 50 години, а денес сведочиме и на првите милионски стартапи што ги започнуваат технолошки гиганти како Илон Маск и Брајан Џонсон. Стартапот на Маск се вика „Неуралинк“, додека на Џонсон е „Кернел“.
Педесет години научен напредок
Изворите на компјутерската наука потекнуваат во медицината. Основната намена на интерфејсите помеѓу компјутерите и мозокот е да им се помогне на неподвижните лица. Идејата била по компјутерски пат да се овозможи интеракција со околината. Денешните достигнувања вклучуваат механичка рака контролирана со мозочни бранови. Се успеало да се регистрира импулс за движење на раката во мозокот на парализираните пациенти, па да им се дозволи да користат таблет без потреба за допир.
Како што мозокот им испраќа информации на машините, така тие можат да му испраќаат сигнали на човечкиот мозок. Со помош на електрична енергија можно е да се испратат виртуелни сетила со стимулација на внатрешноста на мозокот или мозочната површина. Во моментов најсложените интерфејси помеѓу мозокот и компјутерот се оние што дејствуваат во двете насоки, односно кои стимулираат и го читаат нервниот систем. Нивното стручно име е – „двонасочен мозочен компјутерски интерфејс“. Може да се користи за зајакнување на врската помеѓу две подрачја на мозокот, па дури и меѓу мозокот и ’рбетот, што меѓу другото може да значи дека со помош на компјутерите ќе можеме да ги движиме до неодамна парализираните екстремитети.
Многубројните вакви интерфејси не бараат вградување по хируршки пат. Некои од нив функционираат со помош на сензори кои се наоѓаат во специјално изработени шлемови кои се во постојан контакт со скалпот. Па, со сето тоа може да се контролираат инвалидска количка, роботски раце, дронови и сл. Се регистрира и доцнење во однос на внесениот импулс, па дури и кога работи, бара хируршко вградување, додека движењето е помалку комплексно и непрецизно.
Нервните структури на мозокот се назамисливо сложени, што создава голем број тешкотии. Најдобрите импланти на денешницата можат да слушаат само мал дел од мозокот, што значи дека со нивна помош можеме да правиме импресивни работи, но не сме ни блиску до сфаќањето на „поголемата слика“. Технологијата денес овозможува да читаме и дел од интеракциите на невроните, но не е доволна за да се интерпретираат сложените сигнали. Имплантите, колку и да се мали, и понатаму го оштетуваат мозокот, што е голем проблем. Проблем создава и имунолошкиот систем, кој во комбинација со сето останато се чини некорисен. Тоа може да се санира со флексибилни биокомпатибилни влакна, но до нивно комерцијално користење и производство би требало многу да се чека.
И покрај проблемите на патот, научниците веруваат дека ваквото нешто ќе стане дел од секојдневието. Факторот кој ни е од најголема корист е подготвеноста на нашиот мозок за адаптација. Научниците се обидуваат да создадат интерфејс кој ќе соработува со човечкиот мозок и полека ќе се приспособува. Со соодветна терапија пациентите ќе се научат да управуваат со уредот, кој истовремено ќе се навикнува на нив.
Извор: Tportal.hr