Месечината и Марс беа внесени во Google Maps уште во 2014 година со цел да се прослави втората годишнина од „прошетката“ на роверот „Кјуриосити“ по површината на Црвената Планета. Единствената работа што недостигаше беше можноста за набљудување на нивото на површината. За сите посетители што сакаа малку повеќе, беа воведени уште неколку планети: Меркур, Венера, Плутон и десет месечини.
Она што недостига се Јупитер и Сатурн, но во замена добивме интересни сателити од Сончевиот Систем, вклучувајќи ја и Енцелад, под која се наоѓа глобален океан.
Виртуелна турнеја
Откако ќе прошетате низ Сончевиот Систем и ќе видите сè што може да се види, ви препорачуваме да ја погледнете кратката турнеја на Меѓународната вселенска станица.
Извор: Tportal.hr