Ирис Хаут, психолог од Берлин препорачува постепено одвикнување од непрестаната зависност од проток на информации. Таа препорачува да се обидете со „самодисциплина“, односно поединецот да си одреди време во текот на денот, во период од два до три часа нема да го користи својот смартфон.
-Самата се дисциплинирав, така што не го користам телефонот од 7 до 11 часот навечер, вели Хаут.
За време на викендите треба да се воздржите од читање службена електорнска пошта, а некои компании тоа и им го забрануваат на вработените.
Новите технологии не се во потполност лоши, вели Хаут и додава дека е загрижувачка постојаната изложеност на голем број информации кои често се и потполно непотребни и оптеретувачки.
Таа смета дека тоа негативно влијае на помнењето и концентрацијата. Нејзините претпоставки, меѓутоа, не се научно докажани.
Хаут додава дека и пријателите и членовите на семејството треба да се потсетат оти апликациите како Facebook и WhatsApp се само помагала, а не и замена за комуникација.
Извор: Tportal.hr
Поврзани артикли