Русија успешно лансираше во орбитата сателит за следење на европската атмосфера, кој има за цел да помогне во проучувањето на загадувањето на воздухот.
Сателитот Sentinel-5P на Европската вселенска агенција (ESA) беше лансиран на ракетата Rokot од северозападниот дел на Русија. Сателитот ќе ја проучува атмосферата секој ден.
По одвојувањето од горниот дел на ракетата, на сателитот беа активирани соларни панели и тој веднаш започна комуникација со Земјата.
Контролорите на ЕСА оперативниот центар во германскиот град Дармштад воспоставија команда и контрола на врски за да се овозможи состојба на следење на сателитите. Првиот сигнал бил добиен 93 минути после лансирањето додека сателитот минувал над станицата Кируна во Шведска.
„Сателитот Sentinel-5P сега е безбедно во орбитата, така што сега контролата е во рацете на нашиот тим кој треба да ја извршува мисијата во следните седум или повеќе години”, се вели во изјавата за медиумите на генералниот директор на ESA, Јан Вернер.
Филип Годи кој го надгледува проектот Sentinel за Европската вселенска агенција, изјави дека информациите собрани од сателитот ќе им помогнат на научниците подобро да го следат загадувањето на воздухот, како што се емисиите на јаглерод диоксид од возила.
Неодамнешен извештај проценува дека повеќе од 400.000 луѓе во Европа умираат премногу рано само од загадување на воздухот.
Извор: N1 Info