Денеска на пет локации во Скопје започна најмасовната акција за донирање на храна во Македонија – “Нахрани 1000” во склоп на Мрдни со Прст, а по повод одбележување на светскиот ден за борба против сиромаштијата, 17 октомври.
Граѓанската иницијатива “Мрдни со Прст”, “Црвен Крст на Град Скопје”, организацијата “Ајде Македонија”, Здружението на граѓани за помош на бездомници и загрозени семејства “Љубезност”, Сојуз на извидници на РМ и организацијата “АДРА” во периодот од 10:00 до 19:00 отворија 5 штандови за донирање на храна во главниот град.
Штандовите на кои ќе се собира каде ќе може да се донира храна за бездомниците и за сите загрозени семејства на кои храната им е најпотребна во моментов се поставени на Плоштад Македонија, пред Скопје Сити Мол кај Плеј кафе, во Аеродром пред Веро, пред Дом на Градежници и во Ѓорче Петров пред Тинекс.
Целта на акцијата “Нахрани 1000“ е поттикнување на солидарноста, како и подигнување на општествената свест за донирање на храна на оние на кои таа им е најпотребна.
На списокот на потребни производи кои што може да се донираат на пунктовите се наоѓаат нерасипливи продукти како ориз, грав, сол, шеќер, брашно, тестенини, масло за готвење, грашок, конзервирана риба, супа кокошкина, бисквити, кечап, леќа, конзервирано овошје и зеленчук.
Како поддршка на 5-те штандови е комбето на Мрдни со Прст кое што денес во текот на целиот ден ќе ги посетува компаниите во Скопје каде вработените ќе можат да донираат храна. За оваа несекојдневна акција бизнис секторот пројави голем интерес.
Повеќе информации за оваа иницијатива се достапни на https://www.facebook.com/MrdniSoPrst/
Поврзани артикли