На врвот на листата со домашни обврски кои не ги сакаме можеби е пеглањето облека. Сите домаќинки може да се израдуваат на оваа вест- направена е првата паметна пегла во светот Laurastar Smart. Пеглата е дело на швајцарската компанија Laurastar Group и беше презентирана на годинашниот IFA саем во Берлин.
Според компанијата Laurastar Group, пеглата во себе содржи технологија на професионални пегли како испуштање пареа во 4 јачини и вакуум систем, но тоа што ја прави паметна е фактот дека преку Bluetooth може да се поврзе со паметен телефон. Имено, кога ќе пеглате одреден вид облека, ќе се конектирате преку апликацијата на интерактивно видео кое ви овозможува споредба на вашите движења ос идеалните движења на пеглата, па така ќе развиете совршени вештини за пеглање.
Како што пеглате ќе се напредувате од ниво почетник до напредно ниво, па на крајот и до експерт, пеглањето ќе ви се чини како игра, а не досадна обврска. Покрај тоа, пеглата е доволно паметна сама да ја намести температурата во зависност од материјалот кој се пегла.
Извор: Vidi.hr
Поврзани артикли