Уредот на Google, Home Mini, ги шпионирал и снимал разговорите со своите корисници поради фантомски грешки.
Уредот е дизајниран да одговара на вашите прашања, откако ќе му кажете „Океј, Google“ или “Хеј, Google“. Неодамна лансираниот модел ги снимал разговорите на својот сопственик цело време, без да има поим за тоа цело време.
„Се активирал повеќе пати во текот на денот и ги испраќал сите снимки во Google“, открива Артем Русаковски од порталот AndroidPolice.
Истиот аналитичар додава дека уредот цело време регистрира „фантомски“ допир, кој го активира и започнува снимањето. Google реагирал веднаш и испратил инженер да го реши проблемот. Сепак, ова не е единствениот случај со ваков проблем, туку 4.000 вкупно вакви уреди се со ваков конфликт со приватноста на корисниците.