Сите видови услуги во Дубаи наскоро ќе може да се плаќаат со emCash, односно криптовалутата со сопствен blockchain на чиј развој и имплементација работи локалната власт. Властите на Дуба одлучија да се свртат кон blockchain технологијата и да се подготват за пореметувањата кои таа може да ги донесе во стопанството и во економијата.
Заменик генралниот директор на Министерството за економија на Дубаи при воведувањето на новата валута изјави дека општеството кое брзо се развива и неверојатната пдоготвеност на усвојување иновативни технологии Дубаи го прават идеално место за работа. Овој проект е одличен пример за амбициите на Дубаи. Градот, всушност, гради целосно нов економски екосистем.
За развојот на emCash ќе биде задолжен огранокот на Министерството за економија, Emcredit и британскиот blockchain стартап Object Tech. Моментално е познато и дека полесно процесирање на уплатите и пониски трошоци на транскациите ќе бидат обезбедени преку плаќање со мобилниот паричник emPay.
Ова не е прв чекор на Дубаи кон светот на криптовалутите. Во Дубаи се гаат амбиции градот да стане центар на финансиска технологија и до 2020 година сите владини документи да бидат на blockchain. Потврда дека овој пустински град се приближува до реализација на целта да стане blockchain град, освен новата валута, е и фактот дека таму веќе може да се купуваат недвижности си биткоин.