Првиот iPhone со Face ID технологија се уште се нема појавено во продавниците, а веќе пристигнуваат информации дека технологијата на Apple ќе биде „инсталирана“ и на другите уреди на компанијата.
Како што тврдат неколку специјализирани портали, технологијата за препознавање на лице на Apple – Face ID наскоро ќе биде дел и од најновиот таблет iPad Pro кој што ќе се појави на пазарот веќе идната година.
Аналитичарот од компанијата “KGI Securities”, Минг Чи Куо, изјави дека моделите на iPad Pro кои што ќе бидат претставени идната година, исто така ќе ја поседуваат Face ID технологијата околу која се крена доста прав. Apple би можел да ја вгради Face ID камерата веднаш до селфи камерата во горниот агол, или пак да пробаат друго решение, односно да биде имплементиран редизајнот кој што беше виден на iPhone X.
Засега не е познато дали Face ID технологијата и кај таблетите iPad Pro на Apple ќе ја замени технологијата Touch ID за отпечатоци на прсти како што е случај кај iPhone X, или пак уредот ќе ги има двете технологии.
Извор: Klix.ba