На територијата на Антарктикот настанала дупка со големина на американската држава Мејн, пишува весникот “Motherboard”.
Според зборовите на професорот Кент Мура, експерт за физичка атмосфера од Универзитетот во Торонто, таа површина изгледа како “да сте пробиле дупка во мразот”.
Таква дупка обично се формира во крајбрежните региони на Антарктикот, но во овој случај се појавила на стотина километри од малите санти мраз. Процесите кои довеле до тоа не се познати.
“Доколку немавме сателит, немаше да знаеме дека е таму”, навел Мур.
Тој додал дека во 70-тите години од минатиот век во близина на тоа место, во околината на Веделовото море, исто така се појавила слична дупка. Меѓутоа, поради недостиг на технички средства, научниците не успеала да ја проучат како што треба.
“Сега дупката се врати”, рекол експертот.
Мур и неговите колеги со помош на сателит и робпоти, кои можат да работат на големи длабочини, имаат намера да пронајдат одговори на прашањата кои се појавиле уште во 70-тите години. Како што наведуваат научниците, овој пат имаат многу повеќе податоци.