Qoobo е мек робот кој одговара на реакциите на својот сопственик, а истиот е изум на компанијата “Yukai Enigeering Co”. Роботот бил претставен на почетокот на октомври на саемот “CEATAC” во Јапонија.
Роботот е конструиран за да изгледа како мачка, а телото му е во облик на топка која е покриена со вештачко крзно. Името Qoobo е комбинација од француските зборови “робот” и “опашка”.
Роботот-милениче може да лежи во скутот на сопственикот и да одговара на различните видови на допири. Кога со раката ќе се прејде преку телото на роботот, по пат на допир се одредува на кој начин Qoobo ќе мавта со опашката, а во комбинација со тоа, тој може да вибрира на различни начини.
Според експертите кои учествувале во развивање на овој робот, мавтањето со опашката има позитивно влијание врз здравјето на сопственикот, речиси исто како и кога се во прашање обичните домашни миленичиња.
Јапонија има долга историја во производство на терапевтски роботи, како што е Paro the Therapeutic Seal Pup, но Qoobo е прв ваков робот кој ги зема само најосновните одлики од живите прототипи.
Иако изгледа како крзнена перница со анимирана опашка, произведувачите ветуваат дека Qoobo го има најдоброто од мачјата природа, со цел благотворно да делува врз менталното и физичкото здравје на корисникот.
Поврзани артикли