Ветропаркови на отворено море би можеле да произведат многу повеќе обновлива енергија од оние на копно, веројатно доволно за задоволување на потребите на целиот свет.
Иако во моментов не постојат големи ветропаркови на море, резултатите од студијата на институцијата Карнеги за наука од Вашингтон, покажуваат дека оваа технологија е вредна за истражување, иако моќноста на ваквите централи би варирала во зависност од годишното време.
– Во зима ветропарковите во северниот дел на Атлантскиот Океан би можеле да произведат доволно енергија за да се задоволат моменталните потреби на цивилизацијата, се наведува во студијата, објавена во Зборникот на Американската академија на науки.
Меѓутоа, за време на летото ваквите централи би генерирале доволно електрична енергија за потребите на Европа или евентуално на САД.
Студијата се заснова на компјутерски модели и ја споредува продуктивноста на ветропарковите во американската држава Канзас со онаа на имагинарните големи ветерници инсталирани на отворено море.
Поврзани артикли