Посетителите на сајтот за возрасни PornHub можеби се инфицирани со „малвер“ откако хакери го инфилтрирале во ланецот огласи на страницата.
Неодамнешниот хакерски напад на PornHub изложил милиони корисници во САД, Канада, Велика Британија и Австралија на вирус, соопшти компанијата за безбедност на интернет Proofpoint.
Нападот попознат како „малвертајсинг“ користи платформи за огласување за доставување лажни браусер апдејти за Firefox, Chrome и Edge.
Хакерите креирале лажни реклами кои се појавувале како безбедносно известување на споменатите браусери говорејќи им на корисниците дека мораат да го ажурираат софтверот. Штом ќе го направеле тоа, станувале жртви на напад.
Од PornHub брзо реагираа откако беа известени за нападот, па ги заштитиле останатите корисници од напади.