Научниците предупредија дека супервулканот во „Yelloswtone“ наскоро ќе еруптира, алудирајќи на рекорден број на мали потреси забележани во последните три месеци. Бројот од 25.000 потреси кои беа регистрирани од 12 јуни па се до денес, претставува најдолг период на таков вид на потреси во историјата на САД, според „Newsweek“.
Експертите од Државната геолошка служба изјавиле дека е „фасцинантно“ да се следи ројот и да се дознае повеќе за тоа. Вкупно 115 потреси беа забележани во паркот во септември низ месечните ажурирања на активноста ан „Yellowstone“ супервулканот. Од тогаш, 78 потреси беа дел од ројот на севернозападниот дел на „Yellowstone“. Најголемиот потрес бил со магнитуда од 2,3 во септември.
„Вклучувајќи ги и настаните од претходните три месечни извештаи, кои почнаа од 12 јуни, вкупниот број на сеизмичности вклучува: еден потрес со 4,4 и 12 потреси во распон со магнитуда од 3 и 185 потреси со магнитуда 2“, се наведува во соопштението.
Околу половина од сеизмичките активности во „Yellowstone“, бил рој на потреси, кои се случиле во период од неколку недели или месеци без јасни секвенци, за разлика од традиционалните потреси каде се случува главен потрес по што следат низа на помали потреси.
Шефот на опсерваторијата USGS Yellowstone, научникот Мајл Поланд изјави за „Newsweek“, дека е „малку прерано“, да се каже дека ројот потреси завршил, пишува „Stuff.co.nz“.
„Но активноста секако драстично опадна од август, а бројот на потреси се намали, но не завршија целосно. Веројатно ќе треба време додека да се објави дека е готово.Реалниот број на потреси, тешко може да се утврди, затоа што потресите можат да се преклопуваат или се премали за да се следат“, вели тој.
https://www.youtube.com/watch?v=kstmvLDyAlM
Поврзани артикли