Доколку сте архитект кој има задача да направи цела куќа во чест на ЛЕГО, секако дека тоа ќе го направиtе со познатире коцки. Новата LEGO House во Билунд, Данска, е дизајнирана со земање предвид на димензиите на малите коцки така што теоретски, со обичните коцки за играње може кој било да ја направи зградата и се што е внатре.
Зградата се држи до димензиите на ЛЕГО и е напрaвена од бели керамички коцки со истите пропорции како класичните тули. Покривите на секој блок од зградата се покриени со заштитните едри бои на коцките ЛЕГО и служат како игралишта за деца.
Во куќата децата и возрасните фанови на ЛЕГО може да се занимаваат со различни активности за градење и да се одушевуваат на некои фантастични скулптури направени од ЛЕГО коцки. Идејата зад LEGO House е да се понуди најоригинално ЛЕГО искуство, како и да се раскаже историјата на компанијата стара 85 години.
На првиот кат се наоѓаат јавни простории за сите посетители, ЛЕГО продавница и неколку ресторани. Луѓето можат да купат билет за да добијат пристап до сите активости на горните катови и да го посетат музејот каде што хронолошки е претставена еволуцијата на ЛЕГО коцките низ годините.
Извор: Wired