Вештачката интелигенција веќе е навлезена во светот на новинарството, а со понатамошниот развој таа би можела да стане “егзистенцијална закана” за новинарите, соопштува американскиот институт “Future Today” во својата најнова студија.
Институтот навел дека постојат организации кои веќе ја користат вештачката интелигенција за пишување на статии врз основа на податоци како што се спортски резултати или финансиски вести.
Во студијата се наведува дека развојот на вештачката интелигенција ќе овозможи, без директни интервенции од новинари, да бидат напишани новинарски статии врз основа на одредени податоци.
Според наводите на институтот, до 2023 година, половина од интеракциите помеѓу луѓето и компјутерите ќе бидат по гласовен пат, така што новинарот ќе има можност да ѝ “диктира” податоци на машината, која подоцна ќе ги претвори во текст.
Во студијата се додава дека на тој начин новинарите би биле исклучени од директниот процес на “производство” на текстот, што со понатамошниот развој на технологијата би можело да доведе до “егзистенцијална закана” за иднината на новинарството.
Извор: Blic.rs