Двајца инженери од Лондон, Рохан Камдар и Тревор Керт дизајнираа машина која што може да ја исуши и испегла облеката за неколку минути. Effie суши и пегла 12 одделни парчиња облека одеднаш и го намалува времето за пеглање за околу 95 проценти.
Младите иноватори велат дека оваа машина го намалува времето на чекање, бидејќи секоја влажна облека е подготвена за носење за три минути. Користењето
на Effie е едноставно. Корисникот треба да ја закачи облеката на посебни закачалки што се наоѓаат во неа. Исто така, има и посебен дел каде што може да се
додаде посебен мирис за алиштата да мирисаат поубаво.
Effie е прототип, но Рохан и Тревор најавија дека ќе ја претстават целосната верзија на пролет. Цената на оваа машина изнесува 699 фунти.