Компанијата Zunum Aero, која за својот проект за хибридно-електрична авијација има поддршка од Boeing и JetBlue, го постави рокот за испорака на своите први авиони до 2022 година. Zunum Aero се фоксуира на хибридно-електрични авиони со цел да се скратат долгите летови и да се намали цената на билетите за кратките линии. Тие претставија дизајн на авион со 12 седишта, што е прва голема најава откако компанијата во април годинава се појави со големи планови за револуција на авиоиндустријата.
Помалите и штедливи авиони ќе го олеснат регионалниот авиосообраќај затоа што ќе може да се користат и помалите аеродроми, а не само големите. Авионите на Zunum веројатно ќе имаат домет од 1.127 км со максимална брзина од 547 км/ч. Емисијата на штетни гасови и бучавата ќе бидат помали за 80% во споредба со обичните авиони, Батериите на авионите ќе бидат сместени во крилата, а од компанијата се надеваат дека еден ден ќе овозможат производство на целосно електричен погон. Тест летовите ќе почнат во 2019 година, а Zunum ќе отвори втор развоен центар во Чикаго за да ги прошири своите операции.
Извор: Klix.ba