Случајно сте затвориле таб во прегледникот на Google во кој имало нешто што ви е исклучително важно? Нема проблеми! Еве како ќе го вратите назад.
Сите ние кои се бориме со одржување на бројот на отворени табови во веб прегледникот во разумни рамки знаеме колку е иритирачки кога еден од нив ќе го затвориме случајно. Посебно кога тоа ќе го направиме во тек на стресни периоди на работа.
Но, дали сте знаеле дека постои корисна кратенка која можете да ја употребите за повторно да го отворите било кој затворен таб во Chrome? Не сте знаеле? Еве како можете тоа да го направите, на компјутерите со оперативните систми за Mac и Windows.
Mac
Откако случајно ќе го затворите табот, притиснете ги заедно копчињата Command, Shift и T. Повторете ја постапката за повторно да ги отворите преостанатите затворени табови се додека не го пронајдете оној што случајно сте го затвориле.
Windows
Исто како и кај Mac, само заедно притиснете ги Control, Shift i T.
Згодно е тоа што Chrome памети во кој прозорец сте го затвориле табот, во случај – како нас – да извршувате работа со повеќе отворени прозорци одеднаш, пишува Next Web.
Поврзани артикли