iPhone X ќе почне да се продава за еден месец и тоа е досега најскапиот телефон на Apple. Освен што на Apple ќе му донесе милијарди, и Samsung ќе лапне дел од колачот. Главната причина за тоа лежи во тоа што Samsung и LG се главни компании за производство на OLED екрани во светот, а Samsung е единствената компанија која може да одговори на барањата на колегите од Америка. Како што пишува Wall Street Journal, од секој телефон кој ќе го продаде Apple, Samsung ќе заработи 110 долари или 10% од вкупната вредост на телефонот.
Според анализите, Apple наредните две години може да продаде 130 милиони телефони iPhone X, што на Samsung ќе му донесе заработка од 14 милијарди долари. Од друга страна, од S8 за истиот период ќе заработи 10 милијарди долари. Сепак, Apple има намера до 2019 година да почне да соработува со компанијата LG, која дотогаш би требало да може да ги задоволи нивните капацитети.
Извор: B92
Поврзани артикли