Nissan претстави прототип на седиште кое може да детектира пот, да предупреди на дехидратација и така да спречи сообраќајни незгоди. Ова можеби ви излгеда како чуден и одвратен експеримент, но јапонската компанија во сорбаотка со холандската компанија Droog Design разви ткаенина осетлива на пот и ја нарече SOAK. Целта на проектот е да се подигне свеста за опасноста од возење за време на дехидратација.
Технолгијата Soak е применета на спортскиот модел Nissan Juke. Седиштето ја менува бојата доколку во потта детектира повеќе сол, што се смета за знак на дехидратација. Освен седиштето, со таков материјал е обложен и менувачот на брзини, кој во злучај на дехидратација исто така ја менува бојата од сина во жолта.
Претходни истражувања на Европскито институт за хидратација и Универзитетот Лоубороу покаќаа дека дехидрираните возачи се склони на грешки исто како и тие што консумирале алкохол. Професорот Питер Велс од Универзитетот Кардиф вели дека постојат потенцијално мерливи фактори кои може да влијаат на способностите на возачите, а тоа може да бидат адреналинот, нивото на хормони и слично.
Засега нема планови за производство на седиштата со Soak технологија, но не затоа што не дава задоволителни резултати. Иноваторот и дизајнер Полиен Роутс а почетокот немал намера овој материјал да го користи во автомобили. SOAK првенствено планирал да го користи за облека за вежбање, но кога од Nissan му ги објасниле плановите врзани за технологијата во моделот Juke за да ја претстават технологијата како концепт за својата кампања „Пиј (вода) и вози“, тој помислил дека е фантастична идеја.
Извор: Zimo.hr
Поврзани артикли