Пред 13 години младиот Марк Цукерберг, кој тогаш имаше 19 години, се вклучи директно во емисијата на Си-ен-би-си, Bullsey, за да објасни за неговото дело „Фејсбук“. Тогаш оваа социјална мрежа беше многу поинаква, помала, а во насловот го содржеше и членот „thе“, кој беше отстранет во 2005 година. Тогаш никој не можеше да претпостави каков развој ќе доживее компанијата „Фејсбук“, но самиот водител на емисијата, Дилан Ретиген, уште тогаш праша дали се наѕира нова голема работа.
Видно возбуден поради камерите, Цукерберг тогаш се пофали дека очекувале да соберат од 400 до 500 членови на мрежата, но по само неколку месеци од лансирањето „Фејсбук“ многу брзо ја надмина очекуваната проекција – зачленување на сите студенти од „Харвард“. Во моментот на интервјуто неговата мрежа веќе броеше над 100.000 члена.
13 years ago today, someone named Mark Zuckerberg spoke with @CNBC about his small company. #GartnerSYM @jimcramer https://t.co/R0Eer8E6XX
— Vala Afshar (@ValaAfshar) October 2, 2017
Цукерберг тогаш се надеваше дека за неговата мрежа ќе успеат да се заинтересираат и многу други факултети. Замислената цел била вклучување на дополнителни 100 до 200 факултети, по што планот им бил да лансираат и други апликации за страницата, кои дополнително би заинтересирале и други луѓе да им се приклучат. „Фејсбук“ успешно продолжи да расте сите овие години, па денес има над две милијарди корисници.
Шефот на „Фејсбук“ на почетокот ја опишувал својата страница како „онлајн-директориум кој ги спојува луѓето преку универзитетите и факултетите“.