Тим од експерти на универзитетите Кингстон и Нотингем направи програма која мапира 3Д верзија на лице врз основа на само една фотографија. Таканреченото 3Д селфи настанува со помош на вештачка интелигенција која препорзнава различни карактеристики на рамна слика и потоа ги реконфигурира во 3Д модел.
„Она што е импресивно кај оваа технологија е дека го поедноставува целиот процес на создавање на 3Д модели на лице. Преминувањето од 3Д на 2Д претходно подразбираше низа преработки кои сега ги заобиколуваме и не мора да бираме само специфични карактеристики или да користиме модели кои го менуваат обликот. На системот му дадовме одредена количина податоци. Тој потоа учи слично како нас да обработува навидум неповрзани информации, што му овозможува да заклучи како некое лице на рамна слика би изгледало во три димензии“ вели доктор Василеос Аргиу од Факултетот за инженеринг и информатика на Универзитетот Кингстон.
Тимот користел база на податоци со повеќе од 80.000 2Д фотографии заедно со соодветни 3Д модели за да го „истренира“ компјутерот за препознава клучни карактеристики. Идната примена на оваа технологија ќе значи можност за откирвање на некое лице во цела толпа и креирање нови лични аватари во видеоигрите.
Оваа технологија би можела да се користи и во безбедносни цели за фотографите брзо да се скенираат и да се идентификува некоја личност од сите агли. Ќе може да се користи и во анимирани филмови, за специјални ефекти во филмовите, како и да има различна медицинска примена. истемот веќе е доста прецизен, но уште работат на него за да може да процесира посуптилни детали како што се влакната на лицето, очилата, бенките и пегите.
Извор: B92
Поврзани артикли