На тестовите за брзина на работа, кои се однесуваа на вообичаена употреба, iPhone беше побрз од телефоните на Samsung. Дали и овој пат успеа во тоа?
iPhone до сега беше подобар во „single core“, а Андроид телефоните во „multi core“ тестовите во бенчмарк апликациите.
На овој тест Samsung Galaxy Note 8 се покажа како подобар „тркач“ во дуелот со iPhone 8 Plus моделот. Тестот покажува дека Note 8, во вкупното мерење, имаше предност од 6 секунди во однос на својот ривал.
Ова е втор пат во последните две години да се случи некој телефон со Андроид оперативен систем да покаже подобри резултати од iPhone во секојдневна работа. Овoј моќен смартфон кој го победи iPhone е опремен со 6GB RAM. Го има и најмоќниот процесор Snapdragon 835, оперативниот систем Android Nougat 7.1.1, а поседува и побрза UGS 2.1 меморија.
Поврзани артикли