Наспроти тоа што новиот модел на американската компанија Apple – iPhone X е претставен со зборовите “ова е iPhone 10”, купувачите и понатаму упорно бараат “iPhone икс”.
Американските медиуми пренесуваат дека ознаката “X” се однесува на римскиот број десет, а не на буквата од азбуката на англискиот јазик.
“Business Insider” наведува дека е логично да станува збор за бројот, со оглед на тоа дека телефонот беше претставен на 12 септември оваа година, на десетгодишнината од првиот iPhone модел.
Наспроти тоа, луѓето ширум светот поради незнаење, сè уште го изговараат како буква, а не како број.
Менаџерот на “AT&T”, Брендон Иаксон вели дека купувачите упорно бараат “iPhone икс” и дека генерално вработените во продавниците не ги исправуваат со оглед на тоа што веќе знаат дека станува збор за iPhone 10.
Само за потсетување, iPhone X доаѓа во Silver и Space Gray боја и нов дисплеј кој се нарекува “Super Retina” и го прекрива целиот преден дел на уредот. Станува збор за 5,8-инчен OLED екран кој има густина од 458 пиксели по инч.
Извор: Klix.ba