Американската компанија „Ubiquiti“, произведе нова камера скриена во кругол приврзок за ѓердан. Камерата FrontRow има големина на паметен
часовник, а со помош на апликација е поврзана со мобилен телефон.
Кружниот екран е прилагоден и чувствителен на допир, а импресивната батерија овозможува пренос во живо, на пример, на долги спортски настани.
Камерата поддржува видеостриминг на Twitter, YouTube и Facebook, а освен тоа поддржува и сервиси како што се Dropbox, Spotify и други за зачувување на датотеки и репродуцирање на музика.
Уредот има за цел да ни биде од полза и да ни ги упрости секојдневните работи, но колку тој ќе биде револуционерна направа која ќе сакаат да ја имаат, останува да се види.