За оние кои често се прашуваат дали некој им чепка по Фејсбук профилот постои едно решение за доаѓање до одговор.
С што треба да сторите е да на отворите опцијата Security, а потоа You’re Logged In и така ќе дознаете на која IP адреса сте во моментов логирани.
Доколку сте забележале дека на листата се наоѓа град кој сигурно не сте го посетиле и од тој град не сте се вклучувале на Фејсбук, тогаш најдобра опција е промена на достапните податоци. Нова лозинка ќе го реши вашиот проблем. Бидете внимателни во секој случај.