Виртуелната реалност влезе на голема врата во секојдневниот живот. Има се повеќе апликации кои го користат овој систем за да ни ја олеснат визуелизацијата на работите во просторот или да помогнат да создадеме нешто ново. Сепак, апликацијата Smartify има целосно поинаква задача – таа ќе ве направи попаметен.
Како што апликацијата Shazam ја препознава музиката која моментно свири, Smartify ќе го направи истото со некое уметничко дело.
Доволно е да ја преземете апликацијата на својот паметен телефон, да ја вклучите, да ја вперите камерата кон уметничкото дело и на екранот ќе се појави името на делото, краток опис, па дури и кратка аудиокритика на тој дел.
Smartify соработува со повеќе од 30 музеи ширум светот, како со оние најпознатите, така и со помалку познатите, но еднакво интересни.
Иако на користењето на паметните телефони во музеите не се гледа благонаклоно, со помош на оваа апликација ќе можете да дознаете се што ве интересира за некој од експонатите.
А доколку некој ве опомене, секогаш можете да му покажете дека не го фотографирате делото, туку дека учите за него.
За жал, меѓу музеите кои учествуваат во Smartify засега нема ниту еден регионален, но во иднина тоа би можело да се промени.
Поврзани артикли