Познатиот виртуелен асистент на Amazon, Alexa од наредната година ќе биде инсталиран во новите автомобили на BMW. Освен Alexа за автомобили, Amazon продолжува да го шири пазарот со својот виртуелен асистент, кој веќе е вграден во бројни ТВ уреди и паметни звучници. Кога станува збор за автомобилите, Alexa од претхдно веќе е инсталирана во некои модели на американскиот Ford.
Од идната година љубителите на автомобилите BMW ќе можат од Alexа да бараат да им ги запали светлата или греењето во колата, да им пушти музика, да повика некого на телефон, да нарача храна или да им ги прочита вестите. Исто така, Alexa ќе може да работи и како навигација.
Целта на Amazon е на возачите да им овозможи пристап до илјадниците вештини на Alexа, а во текот на 2018 година Alexa би требало да биде достапа во автомобилите на BMW за пазарите во САД, Велика Британија и во Германија. Ова е голем потег за Alexа и за Amazon, а успешната американска компанија ќе продолжи да гради партнерства со други автомобилски компании.
Извор: Кlix.ba