Австралија објави дека наскоро ќе основа своја вселенска агенција која ќе обезбеди посилна платформа за меѓународна соработка.
Австралискиот премиер Малколм Турбул во понеделникот изјави дека агенцијата ќе биде дел од развојот на иновациите и научната економија во Австралија. Опозициската лабуристичка партија во државата вели дека таква агенција е потребна за да го зголеми учеството на Австралија во глобалната вселенска економија.
Бројот на вселенските компании е во постојан пораст. Според NewSpace Global, околу 1.000 компании од вселената се активни низ целиот свет чиј глобален опсег во 2014 година достигна 330 милијарди долари.
Лабуристите во Австралија истакнуваат дека државата е единствената од 35 земји-членки на Организацијата за економска соработка и развој кои немаат своја вселенска агенција.
Поврзани артикли