На почетокот на идната година на загрепските улици би можел да почне да вози првиот трамвај кој ќе биде опремен со сензори и вештачка интелигенција. Задачата е како робот-асистент да му помага на возачот во спречување судири. Проектот SafeTRAM е резултат на соработката на Институтот за електротехника Кончар и Факултетот за електротехника и информатика и претставува врв на низата проекти кои загрепскиот факултет ги договара со различни компании на патот да создаде европски истражувачки центар за роботика и место на зачеток на идни хрватски роботски индустрии.
Факултетот преговара и со компанијата Dok-Ing, чиј електричен автомобил XD го купи пред неколку години, затоа што сака да развива системи за автономни возила. За соработка со факултетот разговара и Gideon Brothers, стартап за роботика зад кој стои Матија Копиќ.
Институтот Кончар доби грант од околу 2 милиони евра од Европската унија за развој на проектот SafeTRAM. Од Институтот велат дека парите ќе бидат потрошени за развој на систем со кој трамваите ќе бидат побезбедни и поконкурентни на глобалниот пазар. Новиот софтвер и хардвер ќе ја зголемат безбедноста на патниците, како на другите учесници во сообраќајот, особено пешаците.
Извор: Total Croatia News