Intel објави најголем дел од новата осма генерација на Core процесори наречена Coffee Lake, објави PCWorld.
Доколку сакате да склопувате нов десктоп компјутер наредниве неколку месеци, а не сакате да се префрлите на (одличните) Ryzen чипови на AMD, еве една добра вест – Intel штотуку ја лансираше новата Coffee Lake генерација за десктопите, која го покачува бројот на јадрата кај секој чип, што донесува поприлично големо покачување на брзината на процесорите од 32%. Покачувањето на оваа брзина се однесува главно на зголемувањето на бројот на јадрата – Core i3 моделите сега ќе имаат четири, Core i5 ќе имаат 6, додека Core i7 ќе имаат 6 јадра со 12 виртуелни јадра.
Сите процесори се произведени под 14-nm ++ технологија, која според Intel значи голем број помали подобрувања во процесот на дизајнирање и производство. Така, компанијата може да започне модели со повеќе јадра од претходните генерации за приближно иста цена.
Моделите што ја имаат буквата K на крајот од нивното име се продаваат отклучени. Ова значи дека тие можат да се користат за оверклокување се додека имаат соодветно ладење. Сите нови чипови го користат LGA 1151 сокетот и Intel Z370 чипсетот, што значи дека ќе треба да ја замениме матичната плоча со нова. Процесорите исто така го поддржуваат Intel Optane за забрзување на меморијата.
Нарачките за новите процесори започнуваат уште на 5-ти октомври, но нивните испораки ќе започнат наскоро потоа. I7-8700K прво ќе се појави на гејмерскиот компјутер Alienware Aurora на 20-ти октомври.
Поврзани артикли