Уште една голема санта мраз се одвоила од антарктикот. Мразот се одвоил од глечерот Пајн Ајленд, кој најбрзо се топи на целиот континент.
Научниците прво забележале голема пукнатина во самиот центар на глечерот минатиот март. Шест месеци подоцна, еден од научниците на својот профил на Твитер објавил дека пукнатината расте, формирајќи санта со површина четири пати поголема од Менхетн, која се заканува целосно да се одвои.
Бидејќи сантата е дел од глечерот, таа нема да влијае на нивото на морето, но научниците сепак тврдат дека станува збор за сериозна работа.
Тие истакнуваат дека нешто необично се случува со тој глечер – се топи поразлично во однос на другите делови на Антарктикот. Наместо мразот да се одвојува од страна, пукнатините настануваат во самиот центар, а изгледа дека настануваат под мразот.
Научниците сметаат дека таквото необично однесување го предизвикуваат топлите океански води, што исто така би можело да доведе до се почести одвојувања на мраз.
Ако таквиот тренд продолжи, би можело да дојде до зголемување на нивото на морето. Научниците не се сигурни дали би можело некогаш да дојде до тоа.
Во меѓувреме, експертите велат дека не постои начин да се спречат случувањата на Антарктикот и дека единствено им останува да гледаат како дел по дел се одвојува од глечерот.
Извор: Kurir.rs
Поврзани артикли