Кина летово почна да го гради зелениот град Forest City со 40.000 стебла кои растат по згради, но изгледа тоа не е доволно. Земјата која е позната по високото загадување планира да изгради 285 еколошки градови, но се уште не е познато што подразбираат под еколошки град. Индивидуални згради треба да ги исполнуваат LEED стандардите за да бидат еколошки, но нема такви критериуми за цели градови. Универзитетски професори велат дека бидејќи нема дефиниција за еколошки град, Кинезите можат да ја измислат.
Кина се урбанизира позабрзано од која било друга земја. Во последните 30 години повеќе луѓе отколку што е целата популација на САД се имаат преселен во урбани области на Кина. Земјата го приоретизираше развојот наспрема одржувањето на животната средина, а тоа резултираше со опасен воздух во 90% од градовите. Како што јавноста станува поедуцирана за загадувањето, лошата состојба со воздухот во Кина може да ја дестабилизира Комунистичката партија во земјата.
На Западот еколошките градови имаат за цел да го спасат светот, додека в Кина веројатно ќе имаат за цел да обезбедат пристоен квалитет на живот во урбана средина. Кинеските еколошки градови треба само да обезбедат подобрување на урбаната средина и инфраструктурниот развој со еколошки префикс. Се проценува дека околу 80% од префектурите во градовите работат на барем еден проект за еколошки град, а според друга проценка, повеќе од 50% од новите урбани средини во Кина ќе бидат наречени зелени, паметни, нискокарбонски или еколошки.
Поврзани артикли