Instagram на своите корисници им овозможи користење на “филтерите за лице” и во реално време, односно при користење на опцијата за видео-стриминг во живо.
Популарната социјална мрежи ги претстави “филтерите за лице” кои можат да го детектираат лицето и да додаваат различни визуелни ефекти уште во мај, пишува Tech Crunch. Меѓутоа, оваа опција досега беше достапна само за објавување на „story” фотографии и снимки на Instagram.
Сите постоечки филтери се достапни и за опцијата во живо, но додаден е и нов ефект со очила за сонце кој е екслузивно достапен само во текот на користењето на оваа опција.
Корисниците ќе можат да ги додадат филтерите пред почетокот на стримингот или во текот, со кликање на иконата за филтери во долниот десен агол.
Погледнете го видеото:
Exclusive, new face filter in live video! Tap to change the “scenery” ? ? pic.twitter.com/Lj1dGQsRAo
— Instagram (@instagram) September 21, 2017
Поврзани артикли