Повеќе пати годишно теоретичарите на заговор „предвидуваат“ крај на светот, а се почести станаа верувањата дека на Земјата ќе и пресуди планета Нибир која ќе не удри на 23 септември, поточно сабота.
Верувале или не, мораше да се огласи НАСА и тоа со официјално соопштение во кое уште еднаш објаснува дека таа планета X или како што ја нарекуваат НИБИР, не постои и со самото тоа не претставува никаква опасност за земјата.
„Голем број на луѓе наводно предвидуваат дека на 23 септември ќе се случи судир на Земјата со извесна планета Нибир. Таква планета не постои и со самото тоа не може да удари во Земјата. Во прашање се теории на заговор кои кружат на интернет, а за кои не постои ниту фактична основа. За таква планета навистина да се упатува кон Земјата, таа би била забележана пред повеќе од една деценија и до сега веќе би била видлива со голо око на небото. Нема никакви докази, ниту научни основи за овие тврдења“, стои во официјалното соопштение на НАСА.