Американската национална вселенска агенција (NASA) неделава ќе испрати летало на астероид, со цел да изврши значајно истражување, пренесува „Њујорк пост“.
Модерната сонда, користејќи ја гравитацијата на Земјата, ќе се сретне со астероидот Бену, по патувањето кое се очекува да трае околу една година, во рамки на мисијата „ОСИРИС-Рекс“.
Вселенското летало ќе го проучува Бену неколку години, откако ќе влезе во орбитата на астероидот, а пред враќавањето ќе земе примерок за понатамошно испитување.
Станува збор за револуционерна мисија на НАСА, која има можност да го обезбеди најголемиот примерок на астероид досега, со што би можела да оствари значителни откритија за овие небесни тела.