Кога последен пат сте провериле колку се напумпани гумите на автомобилот? Повеќето луѓе не обрнуваат многу внимание на автомобилските гуми, но од компанијата Continental неодамна открија две нови технологии кои ќе ги следат гумите наместо возачите. Едната технологија предупредува кога ќе се оштети гумата, додека другата ќе ја менува ширината и притисокот во гумите во зависност од тоа дали возите по лизгав или нерамен пат.
Сontinental ги претстави технологиите ContiSense и ContiAdapt на Frankfurt Motor Show. Со помош на сензори поставени во гумите ContiSense ја мери температурата и испраќа податоци преку Bluetooth до паметен телефон или до автомобил. Доколку клин или нешто друго ја дупне гумата, ContiSense најбрзо можно ќе го предупреди возачот.
ContiAdapt има поактивна улога во функционалноста на гумата. Микрокомпресори поставени во воланот можат да го прилагодуваат притисокот во гумите, а системот може да ја менува површината на гумите во зависност од условите на на патот. Има четири комбинации за автомобилот лесно да се движи по влажен, лизгав, нерамен или нормален пат. Од Continental велат дека системот овозможува и возење со многу н изок притисок во гумите кога се вози по длабок снег или мраз.