Извршниот директор на компанијата Qualcomm, Стив Моленкопф, верува дека во следната деценија ќе се забележи голем технолошки напредок кај возилата.
„Автомобилската индустрија минува низ фаза на голем бран на иновации. Можеме да очекуваме сè повеќе и повеќе“, изјавил тој на Франкфурт Ауто Шоу.
Qualcomm е лидер во производството на чипови за смартфони, но тие би го прилагодиле и прошириле нивното производство според барањата на пазарот.
Автомобилите од иднината не само што ќе бидат побрзи, туку ќе бидат и паметни, безбедни и транспортно ефикасни, најавува Моленкопф.
Акцентот ќе биде ставен и на новите технологии кои овозможуваат 3D снимање на видеа. Со помош на 3D ќе се унапреди постоечкиот концепт на автономно управување. Кои сѐ можности ќе најдат примена во автомобилската технологија може да се зборува на долго и широко, меѓутоа „спојување“ на технологиите е повеќе од извесно.